05/08/2026
🌃 За некои вакви августовски вечери посакуваме летото да нема крај...Бидете дел од овие два настани на Оркестар DIVA - Orchestra DIVA!
✨️ Поддржано од BV Business Group, групација со визија за новото време!
Flowers Symphony - панданот на Виена во Битола на две локации и со повеќе од 100 учесници
Ова лето Вам, нашата верна публика, ве очекува освежена програма која ќе ве однесе низ најубавите музички светови, и тоа од безвременските италијански канцони, преку највпечатливите оперски арии, до легендарните филмски теми кои оставиле неизбришлива трага во светската кинематографија. Ќе прозвучат композиции од најголемите филмски композитори, меѓу кои Енио Мориконе, Џон Вилијамс, Ханс Цимер и други автори чии мелодии ги обележаа најпознатите филмови на сите времиња, ќе споменеме само еден од нив - Гладијатор.
На сцената ќе настапат: Јаворка Витанова, Виолета Арсовска, Зана Абази-Рамадани (Косово), Хорот „Гортинија“ од Гевгелија, под водство на Илија Атанасов, специјални гости: Наде Талевска и Билјана Талевска.
Со повеќе од 100 учесници на сцената, под диригентската палка на Владимир Димовски, Flowers Symphony ќе ви приреди вечер исполнета со емоции, романтика и музика која долго ќе остане во сеќавање.
📍 17.08 – Пацио на НУ Завод и Музеј Битола | 21:00
📍 18.08 – Долни Сарај, Охрид | 21:00
Карти во продажба на yournextevent.info, Тобако Димпо, и кај Аждер.