07/07/2025
Се продава луксузна куќа со прекрасно уреден двор во Гостивар.
Објектот се наоѓа во населба Млаки и поседува вкупна внатрешна површина од 280 м2 и вкупна површина на катастарска парцела од 517 м2.
Има прекрасен распоред и содржи :
• Подрум : Две големи подрумски простории во кои е лоцирана топлинска пумпа со целосна механизација за целиот простор (греење подно) , систем за наводнување на дворот, систем за мониторинг на фотоволтаичен систем поставен на кровната конструкција, перална и останат простор кој се користи како остава.
• Приземје : Голема дневна соба со кујна и трпезарија со висина од 7 метри обиколена со галерија на кат 1, спална соба со walk in гардеробер и бања, гостински тоалет. Од приземјето има пристап до прекрасно уредена тераса која е поврзана со целиот двор.
• Кат 1 : Галерија над приземјето, 4 спални соби и голема бања.
Објектот е изграден со врвен квалитет користејќи ги најновите модерни решенија за енергетско ефикасни објекти и опремен со луксузен мебел од Италијанско потекло.
Недвижноста поседува надворешни 3 паркинг места осигурани со електронска врата.
Од додатни карактеристики поседува :
• Алармен систем за безбедност и камери околу целиот објект
• Фотоволтаици на кровната конструкција со капацитет до 6kWh и можност за продажба/компензација на електрична енергија со ЕВН
• Топлинска пумпа за греење и ладење на целиот објект
• Систем за наводнување на прекрасно уреден двор
Цена : По договор
За повеќе информации и закажување на посета контакт телефон : 078/377-777