03/09/2026
🌿 Договорот е договор – а довербата се оправдува со работа! 💚
Вчера и денес тимот на ЕКО ДВОР повторно беше на терен, во објекти кои се дел од нашата програма за годишно одржување.
Обиколка, косење, средување и редовна нега – токму она што е договорено, во периодот и динамиката што се предвидени.
За нас годишниот договор не е само потпишан документ. Тој е обврска кон клиентот и доверба која мора да се оправда со конкретна работа.
🌱 Кога ќе ни го доверите одржувањето на вашиот двор или објект, можете да бидете сигурни дека ќе се постапува според договореното, без непотребно потсетување и без „ќе стигнеме“.
📸 Низ фотографиите можете да погледнете дел од овие редовни активности.
🙏 Благодарност до сите наши клиенти кои ни ја укажаа својата доверба. Токму соработките што траат и се продолжуваат се најголемата потврда дека ЕКО ДВОР работи како што ветува.
Договорено – реализирано – одржувано. 💪🌿
Ако сакате вашиот двор или деловен простор да биде уреден во текот на целата сезона, контактирајте нè за годишен договор за одржување.
ЕКО ДВОР
Вашиот двор – наша грижа.