09/06/2023
Отпочнато е со фаза Малтерисување на внатрешни ѕидови со машински цементен и гипсан малтер. Малтерисувањето се врши по сите стандарди врз претходно премачкани површини со бетон контакт и импрегнација за да се избегне секаква идна појава на микро и макро пукнатини во ѕидовите. Малтерисувањето се изведува од професионална фирма за овој тип на работи КОДАР од Куманово.