Месна Заедница Агино Село

Месна Заедница Агино Село Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Месна Заедница Агино Село, Real Estate, Агино Село, Kumanovo.

Новата Месна Заедница е изгласана на 20.03.2022 година а на 17.05.2022 година стапува во функција со Претседател Бобан Јовановски подоцна заменет со сегашниот Претседател Љупчо Николовски и советници:
Влатко Спасовски, Дејан Јовановски и Бобан Стојковски.

18/06/2026

🚨🚨🚨 ИЗВЕСТУВАЊЕ 🚨🚨🚨

11/06/2026

!!! Х И Т Н О И З В Е С Т У В А Њ Е!!!
Има пожар во атарот на селото на локација горно маало во ридот над резервоарите за вода десно над автопатот за Куманово! Се замолуваат сите граѓани кои се во можност да излезат на помош со механизација алат и пумпи за вода да помогнат на противпожарната единица!!! ХИТНОО!!!

05/06/2026

Пред месец дена извршена сеча на дрвја, гранки и вегетација кои сметаат на електричната мрежа од страна на ЕВН и ЕЛЕКТРОЛАЈТ. Гранките се оставени покрај улиците и во речното корито на што реагиравме и се јавувавме неколку пати во ЕВН од чија страна е апелирано до Општина Куманово и ЕЛЕКТРОЛАЈТ за кои велат дека тоа било нивна одговорност. Од ЕЛЕКТРОЛАЈТ ни се јавиа и рекоа дека гранките ,,ЌЕ'' бидат одстранети следните неколку дена. Од тогаш поминаа цели месец дена и сеуште нема интервенција! Доколко не се отстранат следниве неколку дена ќе има тужби и некој ќе сноси одгоговорност!
Со почит Месна Заедница Агино Село

20/05/2026

Почитувани сограѓани, на ваша реакција и барање во врска со неконтролирано сечење на делови од асфалтни површини од нашите скромни улици во селото поради поставување на водоводна, одводна, електрична или било каква инсталација или потреба АПЕЛИРАМЕ:
Секој кој што има исечено и прекинато дел од асфалтна површина од улица од било која потреба, сега и во блиско или подалечно минато да има совест и да си земе за обврска да ја потполни сечената површина со асфалт или бетон за да ја израмни и врати во првобитна состојба! Не знаеме дали и кога некогаш ќе добиеме асфалтирање од Општина Куманово па меѓувреме да го зачуваме она малку што го имаме! Со почит Месна Заедница Агино Село.

И З В Е С Т У В А Њ Е!!!Поради санација и дислокација на далновод како и сечење на гранки и дрвја кои сметаат на електри...
27/04/2026

И З В Е С Т У В А Њ Е!!!
Поради санација и дислокација на далновод како и сечење на гранки и дрвја кои сметаат на електричната мрежа има неколку часовен преќин на истата. Не ги спречувајте работниците најмени од ЕВН да влезат во вашите дворови и да исечат гранки и дрвја кои допираат во жиците! Благодариме на трпението и разбирањето. Со почит Месна Заедница Агино Село .

07/04/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ📢

✨ ВЕЛИГДЕНСКА СВЕТА ЛИТУРГИЈА ✨
По повод најголемиот христијански празник
Воскресение Христово – Велигден
⛪ Храм „Покров на Пресвета Богородица“
📍 Агино Село
🗓️ Велика Сабота, 11 април 2026
🕚 23:30 часот
🙏 Света Божествена Литургија на која ќе
служи Протоереј Јове Ристовски
🍷 Ќе има Света Причест
за сите што се подготвени да се причестат,
како и за деца до 7 годишна возраст
🌿 Дојдете заедно да го дочекаме
светото Христово Воскресение!
✝️ Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!

09/02/2026

В Н И М А Н И Е!
Во детското катче кај црквата се монтира долгоочекуваниот лизгачки ТОБОГАН. Се замолуваат децата и помладите генерации да НЕ му се приближуваат и да НЕ го користат во следните 48 часа за да стегне бетонската подлога и да не се сруши при што недај Боже може да дојде до сериозни повреди! ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ДО СРЕДА 18.02.2026та година!!! Благодариме на разбирање!

Месна Заедница Агино Село ви посакува среќни Новогодишни и Божиќни Празници на сите жители, посетители и гости на Агино ...
07/01/2026

Месна Заедница Агино Село ви посакува среќни Новогодишни и Божиќни Празници на сите жители, посетители и гости на Агино Село и на сите Христијани ширум светот. Имајте одлично душевно и телесно здравје, среќа, љубов, мир, бериќет, напредица, слога, успех на сите полиња и на што повеќе делови да го делите бадниковото лебче. Христос се роди - Навистина се роди.Амин 🙏🥰

Address

Агино Село
Kumanovo
1300

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Месна Заедница Агино Село posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category