Борба за Влае

Борба за Влае Борба за Влае е иницијатива покрената од жители на Влае за хуман развој на населбата.

Корисен пост од Општината.https://www.facebook.com/photo?fbid=1488190486674762&set=a.619213170239169
24/07/2026

Корисен пост од Општината.

https://www.facebook.com/photo?fbid=1488190486674762&set=a.619213170239169

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Општина Карпош ги известува граѓаните дека, согласно информациите од УХМР, денес се очекува повторна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ги повикуваме и известуваме нашите сограѓани навремено да преземат соодветни мерки за заштита на својот имот и возилата.

☎️ Во случај на несакани последици предизвикани од временските услови, граѓаните можат да се јават кај општинската дежурна служба на телефонскиот број 071/322-790.

📍 При пријавувањето, ве молиме да ја наведете точната локација и да дадете краток опис на проблемот, со цел интервентните екипи да можат да реагираат што е можно побрзо и поефикасно.

Потсетуваме дека за паднати дрва и друга опасност предизвикана од временска непогода, граѓаните можат да се јават и на дежурниот број на ЈП Паркови и зеленило” 070/268-936 како и на телефонскиот број за итни случаи 112.

Ви благодариме за соработката и разбирањето. 🌳

Дали истото може да се направи и во Општина Карпош преку мејл или телефон?Во Порта Влае кафичите имаат зафатено многу по...
21/07/2026

Дали истото може да се направи и во Општина Карпош преку мејл или телефон?

Во Порта Влае кафичите имаат зафатено многу повеќе простор отколку што им следува.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1044971614733032&set=a.178690411361161

🚶‍♂️ ⛔️ КОМУ МУ ПРИПАЃААТ ТРОТОАРИТЕ ВО ЦЕНТАР?

„Здраво, исто може да ги спомнеме и кафиќите кои узурпираат јавна површина. Иако на тротоар помал од 4 m законски не им следува тераса, само една маса пред дуќан, некои си го фаќаат цел тротоар.“

Вака ни пиша една сограѓанка за реалноста со која се соочуваме секојдневно низ #ДебарМаало, #Буњаковец и низ центарот на Скопје. Нашата потреба за слободно движење постојано губи во битката со профитот на кафулињата.

⚖️ Што вели законот?
Спротивно на однесувањето на недопирливите кафанџии, узурпирањето на целиот тротоар е противзаконско = ИЛЕГАЛНО.

1️⃣ Закон за градење: Летните тераси и платформи се категоризираат како „урбана опрема“. Нивното поставување не е безусловно право, туку строго регулирана дозвола.
2️⃣ Програма за урбана опрема на Општина Центар: Според општинските регулативи, кафулињата смеат да поставуваат опрема единствено во рамките на ширината на нивниот деловен простор. Тие мора задолжително да остават непречен, слободен простор за пешаци. На тесни тротоари каде што не може да се обезбеди минимум пешачки премин, поставувањето гломазни тераси е противзаконско.

👩‍🦽‍➡️ Многу од проширените тераси што ги гледате низ градот функционираат без валидни решенија или целосно ги кршат пропишаните услови. Тротоарите се направени за пешаци, колички за бебиња и лица со попреченост—не за нелегални приватни бизнис проширувања.

🎯 Информирајте се како треба да изгледа процедурата:
- Програма и прописи за урбана опрема на Општина Центар (https://www.centar.gov.mk/proekti-ustanovi/urbanizam/urbana-oprema)
- Официјално барање за одобрение за тераси (https://www.centar.gov.mk/baranje-izdavanje-odobrenie-postavuvanje-urbana-oprema-terasi-edna-godina)

🛑 ПРИЈАВИ УЗУРПАЦИЈА НА ЈАВЕН ПРОСТОР:
🏢 Општина Центар - Скопје и Инспекторат на Општина Центар (Сектор за инспекциски работи):
Е-пошта: [email protected]
Телефон: 02 3203 693 / 02 3203 600

🌆 Град Скопје (Инспекторат - Одделение за комунална инспекција):
Е-пошта за брзи пријави: [email protected]
Раководител на комунална инспекција: --- немало раководител моментално; види линк во коментар ---
Помошник главен инспектор: [email protected] (Тел: 02 3297 231)

Треба ли пешаците во Центар да си го вратат јавниот простор?🚶‍♀️

Како ракција на добриот текст од страна на Sakam Da Kazam за уништувањето на Хром и изјавата на градоначалникот на Ѓорче...
18/07/2026

Како ракција на добриот текст од страна на Sakam Da Kazam за уништувањето на Хром и изјавата на градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски во која вика дека нема можност да се прошири веќе преполната градинка, маалската активистичка група За Хром пиша демант.

На кратко - не е точно тоа што го изјавува градоначалникот. Токму затоа тие собираа петиција за да не се дозволи нов објект до градинката.
Градинката може да се прошири, но потребна е политичка волја и финансии.

Во целост нивниот текст, а линк до постот во коментар:

До редакцијата на Sakam Da Kazam

Барање за исправка и дополнување на информација
Во текстот „СЕКОЈА КУЌА ВО СКОПСКИ ХРОМ СТАНА ЗГРАДА, НЕМА МЕСТО ЗА УПИС ВО ГРАДИНКА, ШКОЛОТО Е БЕЗ САЛА И ДВОР, ТРОТОАРИТЕ И УЛИЦИТЕ БЛОКИРАНИ СО КОЛИ“ е пренесена изјавата на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров дека нема простор за проширување на постоечката градинка.

Сметаме дека ова тврдење не ја претставува целосната фактичка состојба и бараме да биде објавено следното појаснување.

Проблемот со недостигот на капацитети во градинката во Хром не е нов. Уште во 2018 година жителите заедно со вработените во градинката организираа граѓанска петиција со барање за нејзино проширување. По таа иницијатива, јавноста беше информирана од тогашниот градоначалник дека се разгледува токму такво решение.

После таа петиција настана промена на деталниот урбанистички план и наместо уште една станбена зграда на мешано државно + приватно земјиште веднаш залепена до градинката, се прошири парцелата на градинката кон зградата со Наја Маркет.

Фактот дека дел од земјиштето е приватно не значи дека проширувањето е невозможно. Законодавството предвидува можност за експропријација кога се работи за реализација на објекти од јавен интерес, меѓу кои спаѓаат градинките, училиштата и другата јавна инфраструктура. Овој инструмент не се применува исклучително за изградба на патишта, туку и за објекти што обезбедуваат јавни услуги. Како што расте населеноста во Хром и во остатокот од Скопје, овој инструмент ќе мора да се применува што почесто.

И постоечките градинки и училишта не се сите изградени на државно земјиште.

Покрај тоа, постојат и други законски механизми што можат да се применат, кои градоначалникот ги прескокнува велејќи: „Се согласувам дека планот за населбата Хром не е добар, дека се изградија премногу згради, но ние сега немаме законска можност ништо да поправиме бидејќи штетата е направена во мандатот на мојот претходник Наумоски.„

Такви се суспензија на урбанистички план кога се исполнети законските услови и измена на планот за обезбедување дополнителни локации за јавни објекти.

Во услови кога урбанистичките планови овозможуваат значително зголемување на бројот на жители, локалната самоуправа има обврска да планира и обезбеди соодветна јавна инфраструктура. Недостигот на капацитети во градинките и училиштата не смее да се претставува како последица на „недостиг на простор“ доколку постојат законски и урбанистички механизми за негово обезбедување.

Ве повикуваме, во интерес на објективното и целосно информирање на јавноста, да го објавите ова појаснување како дополнување на објавениот текст.

Проширувањето на парцелата на градинката е видливо на официјалниот сајт на општината.

https://www.facebook.com/ZaNaselbaHrom/posts/pfbid036ii4pvZTRVVCYp26cCwUTbfU1rtagZXXUKYuc8KsJoG5hpFFPn3Av6x51kNiME8fl

На крајот на улицата Воин Драшкоци во скопската населба Хром до пред две години имаше четири куќи во кои живееја […]

„Овој предел е шума која ја засадиле нашите сограѓани после Втората светска војна за да се заштите Водно од ерозија на з...
14/07/2026

„Овој предел е шума која ја засадиле нашите сограѓани после Втората светска војна за да се заштите Водно од ерозија на земјиштето. Сите знаеме што значи ако почне да се јавува ерозија и свлечишта. Уништуваме шума и зеленило од 9.000 метри квадратни за да се градат 13 објекти за некој инвеститор да гради. Сега се хациенди со површина за градба од 700 до 1.000 квадрати, па ќе станат згради. Па зар за неколку моќници ќе го ставиме целиот град во опасност? Исто така, за да се стигне до овие објекти треба да се пробијат улици, а тој предел е доста стрмен и Општината треба да донесе инфраструктура. Сето тоа ќе ја чини многу повеќе отколку парите што ќе ги добие од комуналии. Планот, и овој што сега се предложува и претходните, се спротивни на Генералниот урбанистички план (ГУП) бидејќи ги надминуваат параметрите. Со ГУП-от се предвидува бруто површина за градба од 6.500 метри квадратни, а на овој дел веќе изграденоста е 16.000 метри квадратни. Сега со планот се предвидува 29.000 метри квадратни бруто површина за градба. Ние со носење на план за 100 жители ги доведуваме во опасност сите граѓани на Скопје. За кого работите вие, за кого сме избрани, за овие сто моќници или за сите жители на Центар? Ве замолувам да гласате со своја глава и да не го дозволиме овој план“, рече советничката и архитектка Билјана Филиповска-Тодорчевска од Шанса за Центар

https://sdk.mk/index.php/naslovna/sdsm-i-vmro-dpmne-vo-sovetot-na-opshtina-tsentar-zdruzhno-izglasaa-da-se-gradat-hatsiendi-na-vodno-za-koi-ke-se-seche-shuma/?fbclid=IwVERTSATDVUdleHRuA2FlbQIxMABzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR7vs5S8PaqUuOSDKme8uqRXpS1UOvL3Rtr6u-jqRs4cjKMe_qlUV73_UmvsuQ_aem_55en9AH-MCmNA4RJoigc4A

Советниците на мнозинската СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар денеска здружно изгласаа на Водно под Јужна обиколница […]

12/07/2026
Влае се движи меѓу многу ниско и ниско.
30/06/2026

Влае се движи меѓу многу ниско и ниско.

Денес во Скопје беше многу топло, па направив анализа за тоа колку зеленило имало денес низ скопските населби.

Истото се случува и низ Карпош.Многу нови објекти имаат катност поголема од пропишаната, а дури увидовме и во огромни ко...
08/06/2026

Истото се случува и низ Карпош.

Многу нови објекти имаат катност поголема од пропишаната, а дури увидовме и во огромни комплекси како тој на Настел кај Алумина (бул. 8 септември).

Address

Влае
Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Борба за Влае posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Борба за Влае:

Shortcuts

Share

Category