15/01/2026
Одлична локација во Карпош 2 кај Драмски театар за ИНВЕСТИТОРИ и ГРАДЕЖНИ КОМАНИИ.
Основни параметри на проектот:
• Локација: Ул. „Бранислав Нушиќ“, Карпош 2 (во близина на Драмски театар).
• Тип на градба: Надградба на постоечки објект (П+5).
• Дозволена висина (ДУП): Дополнителен 6-ти кат (целосен кат, не поткровје).
• Површина која се добива: Околу 1.800 м² .
• Правен статус: Станарите се согласни за надградбата.
Обврски на инвеститорот (Компензација):
Инвеститорот, во замена за правото на градба на 6-тиот кат, треба да ги изврши следните реновирања и дополни на постоечкиот објект:
1. Енергетска ефикасност: Нова фасада на целата зграда.
2. Лифтови: Инсталација на нови лифтови за мин 6 особи во сите 4 влезови .
3. Заеднички простории: Реновирање на 4-те влеза и нови влезни врати со контрола на пристап и (шифра/токени/Домофони и камери на влезовите), нови поштенски садачиња.
4. Кров : Се подразбира поставување на кров над целата површина на надградбата
5. Инсталации:
- Замена на главни одводни цевки (од подрум до шахти).
- Замена на вертикални одводни цевки од терасите.
- Замена на сите вентили за парно греење.
- Санација на постоечката хидрантска мрежа.
- проверка и доколку е потребно адаптација на постоечката трафостаница за новоприклучените станови.
- партерно расчистување и уредување на дворот по завршување на градбата
6. Имотно-правен дел: Проширувањето на зградата –пропорионалните делови за секој стан , да се запише во сопственост на постоечките станари пропорционално, односно да се платат комуналии за истите .
7. Можност за спојување на доградените со постоечките делови од становите
Зошто ова е добра инвестиција?
• Висока пазарна цена: Становите во Карпош 2, особено во нова градба или надградба со лифт, достигнуваат многу високи цени по метар квадратен.
• Чиста ситуација: Согласноста на станарите е најтешкиот дел кај надградбите; овде тоа е веќе решено.
• Нема инвестиција за паркинг зошто е во рамки на парцелата
• Минимални трошоци за земјиште: Наместо купување плац и комуналии за цела зграда, инвеститорот ги „плаќа“ метар квадратните преку реконструкција и доградба на постоечкиот објект.
Контакт 075-242-101