10/07/2020
Издаваме деловен простор (80м2 по имотен лист) во скопската населба Влае, на одлична локација на главна улица, во рамките на приватна куќа која е нова градба.
Просторот е висок подрум кој е со висина на таван 2.40 метри, со прозорци (над нивото на земјата) со висина 1 метар, со пристап изолиран од станбениот дел, со одлични предиспозиции за затоплување и за ладење со мала потрошувачка на енергија.
Просторот има повеќе простории и е погоден за стоматолошка ординација, за канцеларија со повеќе вработени, за нотарски или адвокатски офис, за козметички салон, за салон за убавина, салон за масажа, амбулантски простор и за друга намена.
Просторот може да се пренамени за која било функција и нудиме поволни финансиски услови, за долгорочни договори.