16/09/2026
ИЛИНДЕН / стан 113м2 / 3 спални
На продажба е голем, комплетно опремен стан на одлична локација во Илинден. Станот се наоѓа на шести кат во понова зграда со лифт и има северо-источна ориентација со отворен поглед кон автопатот и Ајватовски рид. Располага со 113м2 станбена површина распоредена на голем и отворен дневен престој во композиција со трпезариски простор и модерна, убаво опремена кујна. Потоа, има 3 спални соби, две бањи, еден гостински тоалет и балкон од 9м2. Станот е доста светол, благодарение на поголемата застаклена површина која овозможува прекрасен поглед. Дополнително располага и со руфтоп од околу 18м2 кој не е на имотниот лист. Станот располага со 3 инвертер клими и сопствено подно греење поврзано на струја и на соларен бојлер. Исто така соларниот бојлер се користи за топло-санитарната вода во бањите.
Самата зграда се наоѓа во непосредна близина на маркети, на еден километар од основно училиште и 1,5 километри од средно училиште.
Исто, располага со слободен паркинг пред зграда, како и подземен паркинг.
Цена: 163.850 €
➡️ Површина: 113м2.
➡️ Кат: 6/6
➡️ Спални: 3
➡️ Бањи: 2,5
➡️ Балкони: 1
➡️ + руфтоп од 18м2
☎️ 078 295 351
👣 Follow us on Facebook, Instagram, TikTok and Youtube: .property
✉ [email protected]