06/06/2026
Jazz on Monday
https://www.facebook.com/share/1VVecJ4DAY/
Interstellar Transmissions - Понеделник 08.06. АудиоКултура 19 Часот
Проектот „Interstellar Transmissions“ претставува концертен музички настан од областа на современиот џез, базиран исклучиво на авторски композиции на
гитаристите Тони Китановски и Сашо Поповски, изведени во модерен и современ аранжман.
Проектот е резултат на креативна соработка на четворица етаблирани македонски музичари со богато домашно и меѓународно искуство.
Ансамблот настапува во состав:
- Тони Китановски – гитара
- Сашо Поповски – гитара
- Оливер Јосифовски – контрабас
- Александар Секуловски – тапани
Посебна уметничка специфичност на проектот е присуството на две гитари,
што претставува реткост и оригиналност во контекст на македонската џез сцена.
Овој инструментален концепт овозможува богат хармонски јазик, динамична комуникација
меѓу солистите и уникатна звучна архитектура што се движи помеѓу современиот џез,
импровизацијата и авторскиот музички израз.
Репертоарот е конципиран како концертна целина што ја истакнува индивидуалноста на секој музичар,
но и колективната синергија на ансамблот. Музиката е наменета за поширока културна публика,
љубители на џезот и современата уметност, како и за помладата публика која се запознава со современи музички форми.
За присуство на настанот е потребна резервација на социјалните медиуми на АудиоКултура.
Настанот е подржан од Општина Карпош. Општина Карпош
Saso Popovski SASO POPOVSKI