COREX Real Estate / КОРЕКС недвижнини

COREX Real Estate / КОРЕКС недвижнини COREX Real Estate
-ЗНАЕМЕ КАКО-

Oдлуките поврзани со недвижен имот можат да влијаат на вашиот живот, вашето семејство и вашиот бизнис. Трансакциите со недвижен имот се поврзани со многу емоции, грижи и дилеми - некој го прави тоа само еднаш во својот живот и сака да се чувствува сигурен дека неговите интереси се заштитени. Доколку се одлучите низ сето ова да имате професионална поддршка и консултантска услуга- вие сте го направиле првиот чекор кој сигурно ќе ве однесе во насока на вистинската одлука.

За почеток потребно е да ни објасните кои се вашите планови.

*Дали ви е потребен ДОМ? Куќа или стан e збир од цигли, панели, ѕидови, под и таван, соби, со мебел или без мебел, поглед кон Водно, кон паркот или булеварот, квалитетни прозорци и врати... Да, убаво звучи, но додека некој не го почувствува за свое останува празно-не може да биде дом. Домот е потпора и сигурност за секој од нас, место од кое заминуваш и повторно се враќаш. Треба само да се пронајде!

*Дали е потребно да се продаде вашиот недвижен имот? Како да се организира продажбата, што е потребно да се направи за да ја постигнете посакуваната цена, да се случи што побрзо, да не изгубите многу време, да се искомплетира документацијата и да се спроведе купупродажбата пред надлежните институции,... -сепак да продолжи да тече вашето секојдневие како и досега.

*Дали вашиот бизнис во даден момент наложува купопродажба или закуп на недвижен имот? Правилната одлука ќе значи успех и поголем профит.

*Организирање на закуп?

*Ако сте фирма-инвеститор што треба да изгради објект, на што да се обрне внимание при изборот на локацијата и проектот, потоа како до брза продажба во сегашните пазарни услови?

Анализа на пазарот, купопродажби, закуп, преговори и договори на најдобри услови при зделка, рекламирање на најсоодветен начин, геодетски услуги, архитектура, проценка на имот, организација на комплетно реновирање, совети од искусни градежни инженери, правни совети од адвокатска канцеларија и нотарска канцеларија, банкарски совети од водечките банки во земјата, со сето ова обезбедуваме СИГУРНОСТ И СПОКОЈСТВО НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ.

НИЕ: Не сме првата агенција за недвижности во нашата држава, не сме најголемата агенција, не сме агенција што има безброј клиенти, не сме агенција што прави чуда...
НИЕ СМЕ агенција за недвижности во чие лице ќе најдете чесен и добар советник за недвижен имот со кој ќе дојдете до паметна одлука и добро решение, ние сме агенција за недвижности што е со вас 24/7, ние сме агенција за недвижности која успехот не го мери со пари туку со задоволни клиенти, клиентите за нас се еднакво важни без оглед на вредноста на недвижниот имот за кој соработуваме, ние сме агенција за недвижности која има клиенти чија доверба е стекната и е задржана, затоа што ЗНАЕМЕ КАКО!!!!!

Ние сме
COREX REAL ESTATE

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when COREX Real Estate / КОРЕКС недвижнини posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to COREX Real Estate / КОРЕКС недвижнини:

Shortcuts

Share

Category