13/05/2026
Вчера го посетивме Свети Николе со една цел, а таа е да бидеме поблиску до граѓаните и да отвориме разговор за можностите, предизвиците и потенцијалот што го нуди локалниот пазар на недвижности.
🤝Во рамки на Националниот караван за недвижности „Дом во секој град“, тимот на ДОРА ИНВЕСТ имаше можност да се сретне со граѓани, професионалци и компании кои се дел од светот на недвижностите, инвестициите и домувањето.
Разговаравме за теми кои се важни за секој што размислува за купување, продажба или инвестирање во имот од сигурноста при купопродажба, до актуелните цени, можностите за инвестирање и развојот на Свети Николе како место за квалитетен живот.
Посебно ни беше драго што имавме отворена комуникација со посетителите, многу прашања, споделени искуства и искрен интерес за тоа како да се создаде поорганизиран и потранспарентен пазар на недвижности.
💹 Свети Николе покажа дека има потенцијал, визија и луѓе кои сакаат развој, а токму тоа е и идејата на „Дом во секој град“, да создадеме простор каде што граѓаните ќе добијат вистински информации, поддршка и доверба.
✨ Караванот продолжува и во други градови низ Македонија, а ние продолжуваме со истата мисија да бидеме партнери на граѓаните кога станува збор за домот, инвестициите и иднината.