01/01/2017
Рајот започнува најпрво во срцето на човекот, во неговата душа. Да бидеш склон кон радост, да умееш да се радуваш на она што Господ ти го дава, не е многу едноставно. Тоа е еден вид искуство. Некој се раѓа со таква особина – во сè да ги гледа убавите моменти, а некој треба да се учи на тоа. Но, тоа чувство – да бидеш радосен – е достапно за сите.
отец Павел Гумеров