City View Condominium Skopje

City View Condominium Skopje .

Она кое го прави животот бесценет е можноста да се има мир и спокој во секојдневието. Стресот и обврските кои ни ги наметнува модерниот начин на живот во големите градови, работата, средината, секојдневните обврски знаат негативно да влијаат врз квалитетот на животот и нашата приватност. Токму затоа е навистина важно да си обезбедиме семејно катче на локација која ќе ни овозможи мирна и чиста околина, простор организиран да ги задоволи вашите потреби за комфорно станување, со плански и убаво уредени паркови и зеленило.
Ова задоволство ќе ви го овозможи луксузниот стамбен комплекс од затворен тип на домување, City View Condominium Resort кој вклучува 66 апартмани со големина од 40 до 90 м2, лоциран на само 6 километри од Скопје, надвор од сообраќајниот метеж и градската гужва, на падините на Водно во општина Сопиште. Сопиште е во регија со најмногу сончеви денови во годината, што подразбира дека апартманите, со нивните панорамски прозори , се поставени на совршена југоисточна страна.
Во проектот е исклучително посветено внимание на конструктивниот сегмент, изборот на материјалите и начинот на изработка. Архитектонски, проектот е предизвикувачки и модрен и го одбележува модерното време, како и потребите на урбаниот човек или семејства кои имаат повисоки и пософистицирани стандарди за секојдневието и животот воопшто. Материјалите и изработката се од највисок квалитет, што оди во прилог на долгорочноста на градбата како и во задоволување на потребите и изострениот вкус на станарите кои ќе бидат дел од овој проект.

Address

Sopishte
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when City View Condominium Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category