Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица

  • Home
  • Macedonia
  • Strumica
  • Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска ?

💧 Во изминатиот период, на територијата која ја покрива Општинската организација на Црвен крст Струмица, беше реализиран...
15/09/2026

💧 Во изминатиот период, на територијата која ја покрива Општинската организација на Црвен крст Струмица, беше реализирана активност за обезбедување и дистрибуција на вода за пиење во повеќе основни училишта и нивните подрачни единици.

Активноста беше насочена кон училиштата каде што нема достапна квалитетна вода за пиење, со цел да се обезбеди основна потреба за учениците и вработените во училиштата, особено во периодот на високи температури и почетокот на новата учебна година.

Во рамки на активноста беа обезбедени и дистрибуирани вкупно 4.300 шишиња вода, кои беа поделени во повеќе основни училишта и подрачни единици на територијата која ја покрива ООЦК Струмица.

Оваа активност претставува уште еден пример за важноста на навремената поддршка и заедничкото делување со цел да се одговори на потребите на локалната заедница и да се придонесе кон создавање побезбедни и подобри услови за учениците.

Активноста беше реализирана со поддршка од нашиот соработник ,,Сеча" - Струмица, на кого упатуваме искрена благодарност за укажаната поддршка и успешната соработка.

Заедно продолжуваме да делуваме таму каде што помошта е најпотребна. ❤️

⛰️,,ЕДЕН ВРВ, ИЛЈАДА ПРИКАЗНИ" ⛰️ ➡️ Во периодот од 03-06.09.2026 година (четврток-недела) се одржа летен младински план...
12/09/2026

⛰️,,ЕДЕН ВРВ, ИЛЈАДА ПРИКАЗНИ" ⛰️

➡️ Во периодот од 03-06.09.2026 година (четврток-недела) се одржа летен младински планински камп организиран од Клубот на млади при ООЦК Струмица под мотото “Еден врв, илјада приказни” во планинарскиот дом ,,Шарена чешма” на планината Беласица .

✏️ Кампот имаше едукативен, забавен и интерактивен карактер, при што младите волонтери имаа можност да учествуваат во час по јога со јога инструктор Нели Манчева, како и во работилница за кариерно советување и лични вредности со Марија Рашковска, сертифициран кариерен советник од Асоцијацијата на кариерни советници и Europass/Euroguidance амбасадор. Дополнително, преку тимски игри од натпреварувачки карактер, волонтерите ги развиваа своите комуникациски и тимски вештини, се забавуваа и создаваа нови пријателства и искуства.

⭐️ Традиционално, во рамките на кампот беше реализирано искачување на Ѕвезден Врв на планината Беласица во кое учествуваа сите млади волонтери. Искачувањето претставуваше можност за дружење, заедничко поминување време во природа и зајакнување на тимскиот дух преку меѓусебна поддршка и соработка.

👥На кампот имаше гости од повеќе Општински Организации на Црвен крст на РСМ: Гевгелија, Кочани, Виница, Делчево, Неготино, Пробиштип, Штип, Охрид, Битола, Радовиш и Гази Баба. Младите волонтери си заминаа задоволни, среќни, полни со нови знаења и искуства.

🫶🏻 Голема благодарност до Планинарскиот клуб ,Ентузијаст” - Струмица, Дирекција за заштита и спасување - Струмица и Доброволно Противпожарно Друштво - Струмица за логистичката поддршка во текот на целиот камп.

📷: Дине Ристов

#ЦКмлади

👉🏼На ден 16.09.2026 година (среда), во соработка со Служба за трансфузиона медицина - Струмица ќе се реализира граѓанска...
11/09/2026

👉🏼На ден 16.09.2026 година (среда), во соработка со Служба за трансфузиона медицина - Струмица ќе се реализира граѓанска крводарителска акција со граѓаните и вработените во Општина Ново Село.
Акцијата ќе се одржи во просториите на 📍Општина Ново Село.

⏰Време: 09:00 - 14:00 часот

Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата и со своето дарување да дадат придонес за обезбедување на потребните количини крв за оние на кои им е најпотребна.

❤️ Дарувај крв – спаси живот!

Традицијата продолжува 😍🌟 Ѕвезден врв 🌟2026 - "Еден врв, илјада приказни"2025 - “5 години под ѕвездите”2024 - “Црвениот ...
11/09/2026

Традицијата продолжува 😍
🌟 Ѕвезден врв 🌟

2026 - "Еден врв, илјада приказни"
2025 - “5 години под ѕвездите”
2024 - “Црвениот знак на Беласица”
2023 - “Пулсот на Беласица”
2022 - “101 како 1”
2019 - “Мистериите на Беласица”

#ЦКмлади

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚Во последните денови од август, беа реализирани собирни акции во книжарницата Култура и ...
10/09/2026

📚 ДОНАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ПРИБОР 📚

Во последните денови од август, беа реализирани собирни акции во книжарницата Култура и книжарницата Office Plus во Symbol Retail Park, со цел да се обезбеди училиштен прибор за ученици на кои им е потребна поддршка.

🎒 Благодарение на солидарноста и несебичноста на граѓаните и донаторите, собраниот училиштен прибор денес беше поделен во основните училишта во Струмица, со што обезбедивме барем малку полесен почеток на новата учебна година за повеќе ученици.

Голема благодарност до сите граѓани кои донираа, до и .mk за поддршката и соработката, како и до сите волонтери кои беа дел од акцијата. ❤️

Заедно покажавме дека и една мала донација може да направи голема разлика. 🎒📚

#ЦКмлади

🩸 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ❤️Денес, 26.08.2026 година, во просториите на 📍Црвен крст Струмица, во перио...
26/08/2026

🩸 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ❤️

Денес, 26.08.2026 година, во просториите на 📍Црвен крст Струмица, во периодот од ⏰09:00 до 14:00 часот, успешно беше реализирана граѓанска крводарителска акција во соработка со Служба за трансфузиона медицина - Струмица.

❤️ 27 хумани граѓани ја покажаа својата хуманост и несебичност, дарувајќи крв и подарувајќи надеж и можност за спасување на нечиј живот.

✅Особено сме благодарни што, и покрај високите летни температури☀️,нашите крводарители одвоија дел од своето време и се одзваа на повикот за хуманост. Вашиот гест е уште еден доказ дека солидарноста и човечноста не познаваат пречки. 🙏

👏 Голема благодарност упатуваме до сите крводарители, како и до медицинскиот персонал и вработените кои со својата професионалност, посветеност и ангажман придонесоа за успешна реализација на денешната крводарителска акција.

🩸 Дарувај крв – спаси живот!
❤️ Хуманоста нè обединува!

#ЦрвенКрстСтрумица #Крводарителство #ДарувајКрв #СпасиЖивот #Хуманост

25/08/2026

❤️ БЛАГОДАРНОСТ ДО ЦРВЕН КРСТ – СТРУМИЦА
🤝 Пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица упатуваат искрена благодарност до Општинската организација на Црвениот крст – Струмица за долгогодишната, континуирана и несебична поддршка.
🚒Нашата работа често се одвива во најтешки услови – високи температури, пожари, долготрајни интервенции и ситуации во кои секоја помош е драгоцена. Во такви моменти, соработката и поддршката од Црвениот крст имаат огромно значење.
🚒Заедно сме биле на терен, заедно сме помагале таму каде што било најпотребно. Од обезбедување вода, освежување и основна помош за пожарникарите за време на долгите интервенции, до заеднички активности во служба на граѓаните.
🤝 Хуманоста, солидарноста и тимската работа се најсилни кога се претвораат во конкретна помош.
🙏Благодариме што сте со нас кога е најтешко.
🙏Благодариме за довербата, поддршката и човечноста.
❤️🚒Пожарникари-спасители Струмица, заедно за граѓаните.

25/08/2026

👉🏼На ден 26.08.2026 година (среда), во соработка со Служба за трансфузиона медицина - Струмица Служба за трансфузиона медицина - Струмица, во просториите на 📍Црвен крст - Струмица ќе се реализира крводарителска акција.

⏰Време: 09:00 - 14:00 часот

Во летниот период традиционално се јавува зголемена потреба од крвни единици, поради што секое дарување е од особено значење и може да помогне во спасување на човечки животи.

Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата и со своето дарување да дадат придонес за оние на кои крвта им е најпотребна.

❤️ Дарувај крв – спаси живот!

25/08/2026
🌡️ На ден 25.08.2026 (вторник), волонтерите на Црвен крст Струмица повторно беа присутни на јавни локации во градот со ц...
25/08/2026

🌡️ На ден 25.08.2026 (вторник), волонтерите на Црвен крст Струмица повторно беа присутни на јавни локации во градот со цел да им помогнат и да им дадат совети на граѓаните за заштита од високите температури.

🩺 Во рамки на активноста беше вршено и мерење на крвниот притисок, а беа поделени околу 250 шишиња вода и 100 флаери со корисни совети за заштита од топлотниот бран.

Во денови со екстремно високи температури, грижата за здравјето е од особено значење. Пијте доволно вода, избегнувајте директна изложеност на сонце и грижете се за себе и за оние околу вас.

#Црвенкрст #ТоплотенБран

Address

Kosta Bozov 1
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38970382229

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица:

Shortcuts

Share

Category