14/09/2026
Градежен дневник
Станбено деловен објект SUPERIOR
07 до 13-09-2026год.
Секоја недела носи нов напредок во изградбата на станбено-деловниот објект SUPERIOR.
Работите се одвиваат според договорената динамика со изведувачите на двете ламели, со што проектот чекор по чекор ја добива својата препознатлива форма.
Продолжуваме посветено, со квалитет и внимание на секој детал.
SUPERIOR – растеме, градиме, напредуваме.
ЛАМЕЛА 1
• Супер Компани – Скопје
Молерите на кат 2, работеа на позицијата глетовање и белење на ѕидови.
Малтерџиите работеа на малтерисување на внатрешни ѕидови со гипсен малтер МП 75, на 3 и 4 кат.
Фасадерите работат на изработка на фасада - јужна страна.
• Илиев Инжењеринг – Велес
Електричарите работаат на постевување електро инсталација во станбените единици на 5 кат, подготвително се работи на кат 6.
ЛАМЕЛА 2
• Сас Конструктион
Ѕидарите на оваа компанија работеа на ѕидање на внатрешни ѕидови на станбени единици на кат 6. Ѕидаријата се изведува со цигли, производство на Младост-Лесковац.
Со цел подобра сеизмична заштита ѕидаријата се изведува со армирано бетонски серклажи.
Изведувачите имаат континуирана логистичка и стручна поддршка од тимот на градежни инженери и техничари вработени во Дематели Инвест Груп, со цел непречена реализација на градежните активности.